Планинар од Битола починал на Баба планина

Н.Ј. (67), планинар од Битола починал вчера при слегувањето од врвот Неолица на Баба планина.

Други планинари кои го придружуваа за „Дневник“ раскажуваат дека битолчанецот се онесвестил на ливада во близина на планинското село Брусник. Тие се обиделе со масажа на срцето да го спасат, но тој веќе не покажувал знаци на живот.

Планинарите случајот го пријавиле во полиција и од 17 часот чекаат полициски екипи да направат увид на местото, а брза помош да ја констатира смртта.

-Падна мрак, а со него и температурите. Премрзнавме, но не го оставаме телото само в планина. Повикавме и други лица со џипови, но патот е тешко прооден, а не смееме сами да го поместуваме телото- вели за Дневник Петар Ставрев, еден од панинарите што слегуваа од Неолица.