Планинарска акција на Церев врв, „Излези и диши“

Акцијата насловена „Излези и диши “ се организира вторпат, во соработка со „I love hiking group Macedonia“.

-Ова е уште една акција од иницијативата #ИзлезиИДиши на „ I love hiking group Macedonia“ во насока на зголемување на свеста за сопственото здравје кај се поголем број активни луѓе, воедно и зголемување на бројот на активни луѓе по планинитеНашето здружение и годинава е дел од иницијативата и имавме прекрасно дружење на планина во пресрет на пролетта, изјави Теодор Јовановски од ЗПЗП „Калин Камен“.

Патеката е со почетна точка на 1.400 метри надморска височина, со висинска разлика од 745 метри.
-Царев врв е на 2.084 метри надморска височина, патеката е  долга околу 18 километри, а учесниците, педесет луѓе од Скопје и 30-тина  од Крива Паланка поминаа еден совршен ден во идеални услови за планинарење, додаде Јовановски.

Наредна акција на ЗПЗП „Калин Камен“ е дводневен настан за искачување на Пелистер, на 2601 метар надморска височина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.