Спорт

Плантак доби отказ од Задар

Плантак доби отказ од Задар

Незадоволството од работата на Плантак кај раководството на клубот кулминираше по поразот од Крка во неделата.

Задар му се заблагодарува на Плантак за големата желба и енергија која ја демонстрира при преземањето на функцијата, но за жал резултати изостанаа. Екипата не игра на очекуваното ниво и донесена е одлука дека е нужна промена на тренерското место, соопштија од далматинскиот клуб.

Се очекува Задар до крајот на неделата да назначи нов тренер.

Задар се наоѓа на последното (14.место) во АБА лигата со ефект од шест победи и 14 порази, исто колку што имаат и Мега и МЗТ Скопје Аеродром.