среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Пластичната амбалажа предизвикува предверемени породувања

Пластичната амбалажа предизвикува предверемени породувања и предвремен пубертет. Хемикалијата што се користи во пластичната амбалажа, меѓу другото, се поврзува со предвременото породување и сексуалните проблеми, пишува „Дејли Експрес“.

plastika-1

Поврзани вести

Пластичната амбалажа предизвикува предверемени породувања и предвремен пубертет. Хемикалијата што се користи во пластичната амбалажа, меѓу другото, се поврзува со предвременото породување и сексуалните проблеми, пишува „Дејли Експрес“.

На светско ниво во 2008-мата година беше објавено предупредување за користењето на Бисфенол А (БПА) што е вообичаена хемикалија што се користи за зацврстување на пластиката повеќе од 40 години.  Претходно оваа супстанца беше поврзана со одредени здравствени проблеми.

Иако сега во севтот оваа состојка е заменета со негјзината замена Бисфенол С (БПС), сепак новите истражувања потврдуваат дека оваа хемикалија исто така може да се поврзе со предвременото породување и лошиот репродуктивен систем.

Истражувањето од УЦЛА покажува дека БПС може да го забрза развојот на ембрионот и да го наруши репродуктивниот систем – и покрај тоа што се смета за побезбедна верзија на хемикалијата.

plastika-2

Вршејќи експерименти врз риба зебра, (која положува видливи јајце клетки), истражувачите докажале дека подеднаквите нивоа на БПА и БПС – со оние во загадените води на реките, ја менуваат физиологијата кај животните на ниво на ембрион во само 25 часа и го забрзуваат развојот на јајце клетките кај рибата.

Во вториот случај тимот открил дека голем број на ендокрини неврони се зголемиле за 40 отсто со што било потврдено дека БПА премногу го стимулира репродуктивниот систем.

Според истражувачите претераната стимулација на невроните што ја регулираат репродукцијата може да доведе и до предвремен пубертет како и до нарушување на репродуктивниот систем.

Тие сметаат дека хемикалијата најверојатнио влијае на зголемување на бројот на предвремени породувања, како и на предвремениот пубертет.

Најчитани вести