„Плата од 500.000 долари? Благодарам, малку е!“

Еден програмер на „Гугл“ одбил годишна плата од 500.000 долари, бидејќи била премногу мала во однос на трите милиони кои ги заработувал на досегашната работа.

Благодарениe на парите со кои располага, „Гугл“ е апсолутен победник во трката за таленти во Силиконската долина. Последниот доказ за тоа е приказната на основачот на една успешна старт- ап фирма која му понудила годишна плата од 500.000 долари на програмер кој веќе работел во „Гугл“.

Основачот на фирмата вели дека програмерот „откачил“ бидејќи ја одбил понудата со објаснување дека во „Гугл“ заработува три милиони долари годишно.

Плата од три милиони долари годишно, па дури и од 500.000 долари годишно, бидејќи е прилично над просечната заработка во Силиконската долина.