Спорт

Платата на Дрогба е невозможна мисија за Сантос

Платата на Дрогба е невозможна мисија за Сантос

Претседателот на бразилскиот прволигаш Сантос, Одилио Родригез, откри дека пред неколку дена имал работен состанок со раководните лица на актуелниот шампион на Турција, Галатасарај, од кои побарал конкретни информации за достапноста на најголемата ѕвезда во нивниот тим, Дидиер Дрогба.
Преговорите околу можниот трансфер на искусниот напаѓач пропаднале во истиот момент кога била откриена годишната заработувачка на поранешниот голгетер на Чезли.
„Точно е дека имаше преговори, но ние немаме таква финансиска моќ. Ова е сон на нашите најверни фанови, но ние не сме во состојба да го исполниме тој сон. Точно дека сакаме на располагање да ги имаме и услугите на Дрогба, но за такво нешто нема ни теоретски шанси. Сантос не може да си ја дозволи годишната плата на Дрогба”, изјави Одилио.