петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Платата од преку 30.000 евра годишно Катица Јанева ја троши по плажи: Политичката криза во Македонија ја одржува од Грција (ФОТО)

Катица Јанева и нејзините соработници безмалку една година бркаат вештерки претставувајќи ја својата политички оркестрирана јалова борба со криминалот како пожртвувана и безрезервна одбрана на правдата. Не успеаја да ги протуркаат политичките мотиви на прогонот, но затоа успеаја високо да се позиционираат на столбот на срамот како дружина, која во земја во која просечната плата изнесува 22.350 денари се луксузира со енормно високи плати, кои според нивното признание изнесуваат меѓу 2.500 и 3.500 евра месечно, пишува Република.

janeva2-640x446

Поврзани вести

janeva-640x1138

Од формирањето на Специјалното јавно обвинителство во септември лани, специјалната Катица Јанева има заработено над 30.000 евра, а згора на тоа државата ѝ плаќа месечно по 300 евра за кирија.

janeva1-640x1138

Фотографиите кои ги објавуваме ги добивме од читатели кои се затекнале со специјалната обвинителка на граничниот премин Дојран, на 4 јули годинава. Немаме информации на која плажа заминала и колку чини нејзиниот одмор, но повеќе од сигурни сме дека со тие примања нема потреба да се стиска и да се воздржува.

Периодов, додека шарените се сончаат, а СЈО ја одржува кризата, Катица Јанева и нејзиниот тим немаат амбиции да се занимаваат професионално со професијата, односно со правото и правдата, туку да градат имиџ на телевизиски ѕвезди и на филмски јунаци, што кај фелата предизвика презир, а исто така го подри и онака катастрофалниот рејтинг на СЈО во јавноста. Јавна обвинителка која живее во филм дека е „македонската Бијонсе“ или „Чарлев ангел“ заслужено има недоверба од над 60 проценти од граѓаните зад чијашто одбрана треба да застане.

janeva3-640x1138

Освен Катица Јанева, подолг период надвор од земјава е и нејзината соработничка Ленче Ристовска, која, случајно или не (изгледа не) токму во овој период се наоѓа на обука во САД на сметка на американските власти.

Јавноста, која ги плаќа специјалните обвинители, чека одговор колку ќе ја чинат екскурзиите, особено ако се има предвид дека се создава простор да му се даде на СЈО повеќе време и да им се продолжи мандатот на обвинителите, што ќе значи дека екстремно големите плати и трошоците за работа на Обвинителството ќе продолжат да се иплаќаат до недоглед од џебот на македонските граѓани.

Најчитани вести