Платеничкото новинарство на СДСМ и СОРОС навлезено во најдлабоките спреги на медиумскиот етер

Мрежата на платеничкото новинарство на СДСМ финансирано од СОРОС  е навлезено во најдлабоките спреги на медиумскиот етер, директно загрозувајќи ја слободата на информирање и објективното новинарство кое целосно се става во функција на политиките на СДСМ, објави Курир.

Скандалот оди дотаму подалеку што има искази кои говорат дека првиот човек на СОРОС Владимир Милчин одредува не само уредувачка политика, туку и кои ќе бидат колумнисти притос делејќи ги на подобни и неподобни.

Токму уредникот на Мактел, Саше Ивановски-Политико во својата најнова колумна открива дека првиот човек на СОРОС, Милчин директно ги одредувал колумнистите на медиумите кои ги финансира. Ивановски пишува дека кога тој го земал грантот од СОРОС, не смеел сам да одредува кои ќему бидат колумнисти, туку истите морале да бидат одобрени директно од Милчин.

-Тој не ми ги одобри колумнистите Виктор Трифуновски, Тони Науновски и Хелена Роза. Виктор многу зборувал и пишувал против СОРОС, Тони бил националист, а Хелена пишувала на теми кои не биле важни за СОРОС. Мене пак целта ми беше со Хелена да привлечам публика која сака трач и слободни лајф теми, со Тони сакав да ги привлечам талибанските лудаци на сајтот, па да ги едицираме и да им влијаеме некако да се смират мамето да им го е*ам лудачко,а Виктор пак сакав да даде поинаков шмек знаејќи дека тој е закоравен либертаријанец-анти левичар, поборник за слободоен пазар, укунување на социјална помош, субвенции, даноци, итн, итн, пишува Ивановски.

vladimir-milchin-500Ивановски додава дека во една прилика додека бил грантит на СОРОС, Милчин на сред коктел во Менада пред многу луѓе гласно му се дерел пред сите надвор на терасата за некоја колумна која нему не му се допаднала.

Ваквите пишувања на еден од главните поддржувачи на опозицијата е само потврда за тоа колку е големо влијанието на Милчин и СОРОС врз опозициските медиуми, но и колку изнесените ставови во овие медиуми се диктирани директно од првиот човек на ова фондација.

Дека новинарите блиски на СДСМ се и бизнисмени и наместо професијата целта им се бизнис интересите во голема мера финансирани од СОРОС доказ е и последниот скандал каде истакнати новинари на СДСМ имаат бизниси и фирми.robert_popovski-500

На оваа листа се наоѓа советникот за медиуми на Зоран Заев, новинарот Роберт Поповски кој беше ипоранешен претседател на ЗНМ.

Роберт е основач на Друштвото за телевизиска продукција ИНФИНИТИ ПЛУС ПРОДУКЦИЈА ДОЕЛ Скопје, како и Друштво за продукција и услуги С. С НОВА МЕДИА Доо Скопје.

Следен е Драган Антоновски кој е основач на Здружение Институт за мас медиуми, едукација и комуникации, но и на уште една компанија.

Порталот Плусинфо како проектна активност на здружение на граѓани, фирмата БГ ПРС за издавање публикации и порталот „Мајка и дете“ како проектна активност на здружени на граѓани во Централниот регистер се водат под едно име, Бранко Героски.aco-gero-500

НВО што го реализира Плусинфо е регистрирана на иста адреса со издавачката куќа, 50-Дивизија број 15-1, Скопје. Веб страницата на Плусинфо, пак, е регистрината во Марнет, на истата адреса со порталот Либертас кој го води новинарот Ацо Кабранов.

Тој е и соосновач во невладината на Героски, со уште неколкумина новинари што работат на порталот. Кабранов, кој е соосновач во здружението на Героски, има и своја фирма, Друштво за издаваштво, маркетинг и продукција „Глинка“ ДОО, со седиште на „Франклин Рузвелт“.

Неговиот портал работи како проект на неговата друга невладина организација со име „Либертас“, а постои уште една со името „Пролиберти“.borjan-500

И Борјан Јовановски, која важи за еден од главните поддржувачина политиките на СДСМ се јавва како основач или овластено лице во неколку невладини организации и фирми.

Дел од медиумите веќе пишуваа на оваа тема.

Ваквата мрежа продолжува со новинарката Оливера Трајковска и со советничката на СДСМ во Град Скопје и висок партиски функционер во СДСМ, Софија Куновска кои се бизнис соработнички. Тие две имаат заедничка фирма „Медиарт“ која е регистрирана уште во 2005 година, а чиј управител е Трајковска.

Olivera-Trajkovska1-500

Сите гореспоменати новинари и медиумите во кои работат земале пари и се финансирани од фондацијата СОРОС која ја предводи Владимир Милчин.