Платеничкото новинарство на СОРОС и СДСМ доживува невидена хипокризија

Платеничкото новинарство на СДСМ и СОРОС доживува невидена хипокризија. Токму оние која ја уништуваат медиумската слобода преку милиони кои СОРОС ги истура за да одредени медиуми ги пропагираат политиките на СДСМ вчера се појавија на протест пред МРТВ, објави Курир.

На протестот се појавија и новинарите бизнисмени, но и првиот човек на СОРОС Владимир Милчин кој не спомена ништо за милионските буџети кои без никаков отчет се трошат за корумпирање на медиумскиот простор.Таму беше и новинарот Зоран Бојаровски кој заедно со директорот на соросовата фондација „Отворено општество – Македонија“, Милчин  се поранешни членови на Советот на МТВ. Бојаровски беше и претседател на Советот, и тоа во 2008-та година, кога претседател на УО на МРТ е Леонид Наков, поранешен член на ЦО на СДСМ.  Инаку СДСМ е партијата која на едни од последните избори за свој проект кој и јавно го соопштуваа имаше бркање на сите вработени од оваа куќа.

И покрај многубројните контраверзи перјаниците на СОРОС без трошка срам сами се фалат со парите на оваа фондација. Па така Героски во една негова колумна „Ало, дечки, доста трошите пари за глупости“ објавена на Плусинфо, пишува дека одлуката на Соросовата фондација директно да ги поддржува одредени медиуми е историски важна за нивниот опстанок.

-Засега единствената фондација која некако пркоси на оваа логика и директно ги помага медиумите е Соросовата фондација – може да се разговара за тоа дали тоа се прави најумесно и најефективно, но нејзината одлука директно да ги поддржува критички настроените медиуми е историски важна за опстанокот на последните островца на слободната мисла во оваа земја!, пишува Героски во колумната.

За сите години на постоење СОРОС потроши 93 милиони евра, но само за последната фискална година за која постојат релевантни податоци за 2013 тоа се неверојатни 5 200 илјади евр.

Податоците од завршната сметка на УЈП, велат дека СОРОС остварил приход од 5.200.000 евра. Јавноста одлично ја познава поврзаноста меѓу СДСМ и СОРОС, па станува јасно дека овие пари се ставаат на располагање на опозицијата.

Ревизијата на ваквото финансиско работење на СОРОС ја има направено Маргарита Цаца Николовска, која е блиска до СДСМ и член на УО на СОРОС Македонија.  Но со парите не се финансираат само медиумите и новинарите, туку и невладини организации.

Меѓу невладините организации кои се финансираат директно од СОРОС се Центарот за развој на медиуми, ГЕМ каде повторно е Бранко Геровски, Метаморфозис и Окно на Никола Гелевски целосно финансирани од СОРОС, Транспарентност Македонија на Сашо Ордановски, Цивил на Џабир Дерала, Плоштад Слобода каде активен е братучедот на Шекеринска Никола Наумовски, Центарот за европско образование чиј долгогодишен претседател е токму Лидија Димова, Младинскиот образовен форум и уште многу други.

Сите во јавноста се познати по ставови кои директно ги напаѓаат владините проекти. Но пајажината на СОРОС не застанува тука. Мрежата поседува и дваесетина медиуми, главно во македонскиот интернет простор, а финансира и новинари како поединци, задолжени да ја напаѓаат владата.

фото: Курир

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.