Македонија

Платеници на СДСМ прават инциденти на прес-конференции

Платеници на СДСМ прават инциденти на прес-конференции
Луѓе на СДСМ прават инциденти на прес-конференции

Платеници на опозициската СДСМ прават инциденти на прес-конференции и на други јавни случувања во земјава. Саше Ивановски Политико, лажно претставувајќи се како новинар, денеска повторно упадна на прес-конференција снимајќи со својот мобилен телефон.

Интересно е тоа што Ивановски доаѓа на вакви настани под изговор дека е новинар, но во свој исказ даден во скопскиот суд тој тврди дека воопшто не е новинар.

Овој пат на мета на Ивановски беа претставниците на граѓанската иницијатива „Македонски манифест“, кои се истакнати интелектуалци во Македонија.

sashe-politiko-dokumenti-1

Весникот „Вечер“ неодамна објави текст во кој наведе дека Саше Ивановски не е новинар.

– Тоа е измама, или превара за политичка употреба. Човекот лажно се претставува, како што лажно тврди дека неговиот личен сајт „Мактел“ е информатовно гласило. Ништо од тоа не е точно, тврдеше весникот, и овие тврдења ги поткрепи со фактот дека на две судски рочишта на кои лицето Саше Ивановски за кое овде станува збор е тужен за клевета, тој лично изјавува дека – не е новинар, а сајтот е личен сајт, а не информативно гласило.

sashe-politiko-dokumenti-2

Во прилог „Вечер“ објави копија од неговата изјава, како и изјава за истото од неговиот адвокат дадена во вториот судски процес. Официјална изјава дадена пред суд.

sashe-politiko-dokumenti-3

Ивановски, кој долго време наназад одработува за СДСМ и за уличната политика на соросоидите денес направи инцидент на прес-конференцијата на граѓанското здружение „Македонски манифест“.

Имено, Ивановски се појави при крајот на прес-конференцијата, очигледно подготвен за да направи инцидент. Тој побара објаснување од Ефтим Клетников да појасни што треба да се направи со лицата кои што во моментот беа оценети како петоколонаши, бидејќи според него, самото споменување на овој израз индицирало дека со нив требало да се расчисти.

Само за појаснување, Клетников говорејќи дека ни е потребна обединетост за името, цитираше дел од мемоарите на претседателот Киро Глигоров каде се тврди дека одреден македонски интелектуалец му понудил куфер полн со пари за да се продаде името. Ваквите личности, Клетников ги оцени како петоколонаши и платеници.

Очигледно, Политико продолжува да одработува за СДСМ и за СОРОС. Тој за потребите на опозицијата и нивните перјаници се претставува како новинар, влегува на прес-конференции и прави инциденти, обвинувајќи ги дека немаат демократски капацитет и не го почитуваат туѓото мислење.

Индикативно, Ивановски во реплицирањето на Стефан Влахов – Мицов и денес повторно отворено призна дека е грантист на СОРОС.

Тука станува сосема јасно Ивановски е лажен новинар што е платен за да ја шири уличната демократија на СОРОС, да прави инциденти на прес-конференции, за потребите на опозицијата и за исполнување на нивната агенда.

Но, најинтересно е тоа што активностите и инцидентите кои ги предизвикува Ивановски значително се интензивираа, откако во јавноста се појавија резултатите од анкетата на ИРИ за нискиот рејтинг на опозициската СДСМ. Очигледно во недостиг на поддршка од македонските граѓани, опозицијата се обидува со предизвикување на инциденти од свои платеници и послушници да се обиде да ги дискредитира интелектуалците и носителите на јавни функции во земјава.