петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 72

Платениците кои одработуваа за Заев како независни, наградени со пратенички места

Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефковска, Ферид Мухиќ, се само дел од послушниците и дел од нив предводници на таканаречената „Шарена револуција“ кои СДСМ ги става на добитни места и ги наградува со пратенички мандат.

pavle-bogoevski

Последни вести

Платениците од таканаречената соросова „Шарена револуција“ кои одработуваа за СДСМ и опозицискиот лидер Зоран Заев како независни, наградени се со пратенички места на листите на опозицијата за предвремните парламентарни избори на 11-ти декември. Старите кадри на СДСМ гледаат со потсмев на обидот на Заев послушниците да ги претстави како независни интелектуалци.

Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефковска, Ферид Мухиќ, се само дел од послушниците и дел од нив предводници на таканаречената „Шарена револуција“ кои СДСМ ги става на добитни места и ги наградува со пратенички мандат.

Еден од предводниците на уличните протести во Скопје при кои се демолираа, сквернавеа и уништуваа спомен-обележја и државни институции, Павле Богоевски, се наоѓа како петти на листата на СДСМ во првата изборна единица. Со ставањето на Богоевски меѓу првите во „кецот“ паднаа маските дека се работи за било каква самостојна граѓанска иницијатива туку параван зад кој стои СДСМ и парите на СОРОС. Со тоа СДСМ со име и презиме се легитимира дека стои зад секој уништен објект и инцидент направен од платеничката револуција на СДСМ.

Покрај Богоевски, на листата на СДСМ во “кецот“ се наоѓа и името на Ивана Туфегџиќ, која беше една од предводниците на студентските протести. Туфегџиќ е 9-та на листата на СДСМ во првата ИЕ.

СДСМ во Ѓорче Петров, Бутел, Чучер Сандево и во останатите општини од втората изборна едница ќе бара гласови со албанскиот радикал Мухамед Зекири, чија задача ќе биде да ги убедува граѓаните дека СДСМ и Заев се тие кои ќе исполнат двојазичност во целата држава. На листата е и советникот на Црвеноковски Ферид Муќиќ кој е дел од таа сдсмовска искмопромитирана матрица.

Старите кадри на СДСМ гледаат со потсмев на обидот на Заев послушниците да ги претстави како независни интелектуалци.

mickovski-fb

-Затворени партиски листи и независни интелектуалци?!  А, ок, партија одлучува кој е независен интелектуалец, напиша на својот ФБ профил опозиционерот Ивор Мицковски.

Членството реагира и коментира дека е разочарно и се чуствува изманипулирано. Оние кои долго време ја подржуваат партијата и се на секој поголем протест кој го организирала партијата се чуствуваат изневерени. Со компромитирани кадри не може до фотеља, велат тие.

Најчитани вести