Платини: ФИФА ги форсира само Роналдо и Меси

Не само фудбалските фанови, тренери и самите фудбалери, голема разочараност од одлуката на ФИФА и Франс Фудбал, престижната награда “Златна топка”, да му биде доделена на Кристијано Роналдо, демострираше и претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

“Во изминатите 50 години, секогаш во прв план беа трофеите кои фудбалерите ги освоиле во изминатата сезона. Се е тоа променето, откако ФИФА го има последниот збор околу “Златната топка”. Ако се продолжи по оваа патека, следната година повторно Роналдо ќе ја освои оваа награда, потоа Меси, потоа Роналдо, потоа Меси”, изјави претседателот на УЕФА кој е многу разочаран и од фактот дека неговиот сонародник Франк Рибери во изминатата сезона освои пет трофеии, а не ја освои “Златната топка”.