Платини: Готов е Блатер, ја нема мојата подршка

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини е во центарот на фудбалската јавност поради сензационалната изјава дека Сеп Блатер мора да се повлече од функцијата претседател на ФИФА.

“Повеќе ја нема мојата подршка, Блатер е готов. Се познаваме долг временски период, многу ми се допаѓа, но повеќе ја нема мојата подршка, нема да гласам за него, не сакам да добие уште еден мандат. Ја доби мојата подршка во 1998 година, но такво нешто нема да добие во 2014 година. Ја знае мојата одлика, знае дека нема да бидам покрај него. ФИФА има потреба од свеж воздух. Да, сакам да бидам претседател на ФИФА, но мојата кандидатура нема никаква допирна точка со Блатер. Јас добро знам што сакам, каква да ми биде иднината”, изјави Платини.