Платини ќе го спаси ПСЖ и Манчестер Сити

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, откри дека најбогатите клубови во Англија и Франција, Манчестер Сити и ПСЖ и во новата клупска сезона ќе бидат дел од Лигата на шампиони иако не ги почитуваат правилата на Финансискиот Фер-Плеј.

„Во мај ќе бидат објавени првите одлуки околу ФФП, но ќе има такви кои ќе бидат многу разочарани, мислам на тие кои посакуваа солзи и крв. Ќе има ригорозни казни, но нема да има клуб кој ќе биде исфрлен од некое клупско натпреварување. Јас не сум тука за да зборам за некој индивидуален клуб, но ПСЖ има еден уникатен модел на функционирање, еден уникатен економски модел. Експертите ќе кажат што е тука легално, што е регуларно, а што е нелегално. Моментално, јас не сум во состојба да дадам одговор на прашањето дали ПСЖ го почитува или не ФФП. Знам дека ПСЖ нема никаков проблем со францускиот закон”, изјави Платини.