Платини на сослушување во УЕФА

Суспендираниот претседател на УЕФА, Мишел Платини ќе биде сослушан во ФИФА по повод осумгодишната суспензија поради финансиски малверзации за време на службена должност.

Платини негира дека работел незаконски, но и покрај тоа ФИФА го казни и му изрече осумгодишна суспензија од фудбалот со образложение дека незаконски примил два милиони долари од Сеп Блатер. Етичкиот комитет на ФИФА исто така му изрече и парична казна на Платини во висина од 80 илјади швајцарски франци.

Додека пристигнуваше на сослушувањето во Цирих, Платини изјави пред новинарите:

Не се борам за мојата иднина, се борам против неправда, пренесува Дејли Меил.

Тој најави дека ќе ја обжали одлуката, но познато е дека ФИФА ретко ги менува своите ставови. Сослушувањето на Блатер е закажано во вторник, а конечната пресуда ќе биде објавена до крајот на неделата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.