Платини останува на чело на УЕФА до 2019

Мишел Платини е реизбран за претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА) на уште четири години, до 2019 година.

Тој по трет пат ја доби 4-годишната доверба на фудбалските сојузи на европските земји, а беше единствен кандидат на 39-иот конгрес во Виена.

– Ви благодарам за довербата. Горд сум што сум ваш соиграч, што сум капитен на победничкиот тим, горд сум на вашите успеси. Нетрпеливо ги очекувам предизвиците што не очекуваат во следните четири години, изјави Платини.

Тој истакна дека ќе продолжи да се труди како претседател на УЕФА да продолжи да работи на зајакнување на ФИФА која е водечко светско фудбалско тело и дека и во иднина ќе ги донесува вистинските одлуки во вистинско време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.