Платини поднесе оставка

Откако Спортскиот арбитражен суд ми ја намали суспензијата од шест на четири години Претседалот на Европската фудбалска федерација УЕФА, Мишел Платини поднесе оставка.

Французинот и претходно изјави дека ќе поднесе оставка доколку казната не му се укине целосно, а денеска после одлуката на судот тој тоа и го направи.

Платини ќе ја продолжи борбата пред швајцарскиот суд за да докаже дека казната  е непотребна, а сето ова настанало кога Платини од поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер добил 1,8 милиони евра за советничка работа.

Судот ја намали и финансиската казна на Платини од 80.000 на 60.000 швајцарски франци.