Платите во Србија ќе се намалат за 10 отсто

Платите во јавниот сектор во Србија кои се поголеми од 25.000 динари ќе се намалат за 10 или 10,5 отсто. Кога станува збор за за плати кои се поголеми од 100.000, а кои ги примаат околу 31.000 лица, тие ќе бидат намалени на ниво на солидарен данок, кој е 20 отсто. Од намалувањето ќе бидат заштитени 60,2 отсто од пензионерите, кои имаат примања до 25.000 динари. Ова го изјави премиерот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за РТС.

Претставувајќи ги владините мерки на штедење, Вучиќ истакна дека Владата го презема најхрабриот политички потег во новата историја на Србија. А тој потег подразбира намалување на платите и пензиите кои се поголеми од 25.000 динари, борба против сивата економија, откази во администрацијата, укинување на субвенциите за некои претпријатија, како и поттикнување на приватниот сектор.

Говорејќи за економската ситуација, претседателот на Владата кажа дека Србија е ликвидна, дека има пари до април следната година без да се задолжи и дека е илјада милји од банкрот.  Вучиќ поосчи дека во следните три години  граѓаните на Србија ќе видат значајна стопанска активност, повеќе патишта и железнички правци.

„Нема да купувам љубов и гласови на граѓаните на Србија. Сакам да купам подобра иднина за нашиот народ и нашите деца“, вели тој.

Премиоерот истакна дека државата се обидела да ги разгледа сите аргументи и да ги заштити најсиромашните кога го правела планот за штедење. И додаде, дека до 2016 година Србија ќе биде успешна земја со висок раст.