Платно на Баскијат продадено за рекордни 110,5 милиони долари

Платното на американскиот уметник Жан-Мишел Баскијат минатата седмица на наддавање во Њујорк организирано од аукциската куќа Sotheby’s е продадено за рекордни 110,5 милиони американски долари.

Делото „Без наслов“ настанато во 1982 година беше целосно непознато додека пред неколку дена не го открија кустосите од њујоршката филијала на Sotheby’s. Причина за тоа е што сликата досега била дел од приватна колекција, а била купена во 1984 година за 19.000 долари.

Платното на Баскијат на аукцијата во Њујорк го купил јапонскиот колекционер Јусаки Маезава, кој изјавил дека ќе го изложои во музејот во неговата куќа во градот Чиба, а претходно ќе им го „позајми“ на светските галерии. „Се надевам дека оваа слика на Баскијат ќе ги развесели и другите, онака како што ме израдува мене, и дека ремек-делото на тогаш 21-годишниот уметник ќе ги вдахнува новите поколенија“, изјавил Маезава.

Сликата „Без наслов“ е првото дело на уметникот настанато по 1980 година кое е продадено за повеќе од 100 милиони долари и сега е рангирано меѓу шесте најскапи уметнички дела продадени на наддавање во светот, пишува The New York Times, додавајќи дека во аукциската куќа очекувале максимална цена од 60 милиони долари.

Апсолутниот рекорд му припаѓа на делото „Жените од Алжир“ на славниот шпански уметник Пабло Пикасо, кое во 2015 година беше продадено за 179 милиони долари.

Баскијат е американски сликар, ткн графити уметник и поет од хаитско-американско потекло кој ја одбележа њујоркшката уметничка сцена во осумдесеттие години од минатиот век. Се дружел со славниот Енди Ворхол и многу музичари и влијателни личности од поп-културата, а сето она што го создавал е обвинено со аурата на мистиката и стана дел од митолошката приказна за Баскијат.

Харизматичниот уметник роден 1960 година во Њујорк, починал во 1988 година од предозирање со дрога со само 27 години.

По неговата смрт, делата на Баскијат не беа изложувани на некоја поголема самостојан изложба ниту ретроспектива на неговото творештво, поради што лондонската галерија „Barbican“ се реши да организиран негова самостојна изложба на којашто ќе бидат изложени преку стотина дела. Изложбата ќе биде отворена на 21 септември 2017 година, а ќе биде поставена до 28 јануари 2018 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.