Собирале камења од плажа во Хрватска, во еден од нив имало бомба

Семејство од Германија доживеало шок изминатиот викенд кога открило дека во еден од камењата кои ги зеле како сувенири за време на ланскиот о0дмор во Хрватска се крие рачна бомба.

 

Додека еден член од семејството ја бришел прашината, сувенирот паднал на подот и од него отпаднале доволно наслаги по што сфатил дека во прашање е рачна бомба.

Семејството веднаш повикало полиција која довела пиротехничари. Гранатата била однесена и уништена на километар од куќата, а во текот на постапката биле евакуирани неколку околни куќи.