Пленарна и комисиска седница на Собранието

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи четвртата пленарна седница, а ќе заседава и собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

На  дневен ред на пленарната седница се  Предлог на одлука за објавување јавен конкурс за избор на член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и  Предлог на закон за изменување на Законот за пратениците, по скратена постапка.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе утврдува предлог-одлуки за избор на членови во делегациите на Собранието на Република Македонија во парламентарните собранија на Советот на Европа (ПС СЕ), Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), Интерпарламентарната унија (ИПУ), Централноевропската иницијатива (ПС ЦЕИ), Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот),  Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ) и во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.