сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 25

Пленковиќ: ХДЗ ќе формира Влада отворена за соработка

Новата хрватска влада треба да биде стабила од корист на хрватските граѓани, европски ориентирана, изјави Пленковиќ и додаде дека следната власт мора да биде токму онаква за каква зборуваа претставниците од ЕУ, кои ја поддржуваа ХДЗ.

hdz

Последни вести

Лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ прогласи синоќа победа и порача дека е сигурен оти партијата ќе има привилегија да формира стабилна хрватска влада која ќе владее во следните четири години.

Пленковиќ порача дека ХДЗ останува отворена за разговор со сите партии кои се блиски на нивната партија и најави дека веќе утре, по разговорите со партнерите, ќе отвори платформа за постизборни средби.

– Новата хрватска влада треба да биде стабила од корист на хрватските граѓани, европски ориентирана, изјави Пленковиќ и додаде дека следната власт мора да биде токму онаква за каква зборуваа претставниците од ЕУ, кои ја поддржуваа ХДЗ.

Тој укажа дека темити на кои тие разговарале за време на кампањата се хрватски и европски теми и истакна дека тие ќе бидат програмата на следната хрватска влада.

Пленковиќ даде посебен акцент на младите за кои новата власт, ќе води поголема грижа.

Исто така нагласи и дека ќе води сметка селата, за руралниот развој, а земјоделството ќе биде клучен приоритет.

Лидерот на Народната коалиција на чело со Социјалдемократската партија (СДП), Зоран Милановиќ во своето обраќање, по полноќ, порача дека ова не бил среќен ден за Хрватска, на која и е потребна стабилна влада.

Заблагодарувајќи им се  на сите кои гласаа за Народната коалиција, Милановиќ нагласи дека коалицијата им стои на располагање на сите партии и дека е неопходно да се „сузбие суетата“.

Тој предупреди дека треба да се има предвид дека на овие вонредни парламентарни избори излегле дури 10 проценти помалку гласачи од претходните во ноември.

Според прелиминарните резултати од околу 80 проценти од изброените гласови, коалицијата на чело со ХДЗ освоила 61 мандат, Народната колација на чело со СДП 54, а Мост 12 мандати.

Најчитани вести