Пленумци признаа: На факултетите гласањето се одвиваше коректно

На факултетите гласањето се одвиваше коректно, освен на правниот факултет. Ова во вчерашната дебата на ТВ Нова помеѓу преставници од Студентскиот Пленум и кандидатите за претседател на СПУКМ, го призна една од дебатерките од Пленумот, Деа Здравковска.

Инаку, гласањето на Правниот факултет беше отежнато токму од претставниците на пленумот, кои им се заканувааа на студентите кои гласаа, претставниците на комисијата беа навредувани и физички напаѓани, па дури имаше обид да се украде гласачката кутија.

Ова признание на Деа Здравковска е само потврди дека проблеми во гласањето имало само таму каде присуствувале Пленумците.

Јас бев на сите случувања освен на Правниот Факултет. Тогаш отидов на мојот факултет на Природно математички чисто да видам како се одвиваат гласовите таму, меѓутоа таму за разлика од Правниот Факултет се беше коректно. На Природно математички факултет се беше во ред колку гласа имало толку имало, рече Здравковска.