Плевнелиев повика на национална зрелост

Пред почетокот на предизборната кампања да покажеме заедно дека можеме националните проблеми да ги извадиме надвор од предизборните битки, бидејќи најважни се реалните проблеми на луѓето, денеска од парламентарната говорница повика бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, пренесе МИА.

Тој се обратил кон нацијата и кон Народното Собрание и побарал политичка зрелост, дополнителна доза на стабилност во банкарскиот систем, актуализирање на буџетот на државата, можност на службената влада при итни потреби да води преговори и да склучува спогодби за надворешни заеми неопходни за стабилизацијата и социјалната заштита, јави БТА.

– Таквото решение ќе биде покажување политичка зрелост, подвлече Плевнелиев.

Претседателот на Бугарија ги спомена и најважните проблеми на луѓето: пензиите и здравствената заштита, подвлекувајќи дека тие не се од вчера и дека веќе утре нема да бидат решени.