Плевнеш: Реформите во образование ќе бидат еманципација на македонскиот национален хоризонт

Претставите на професорот Јордан Плевнеш се играни во бројни сцени низ светот, а негови трудови се објавени во реномирани европски и американски списанија.

Дури во првиот историски број на ArtPpress пред падот на Берлинскиот ѕид, беше објавен негов текст, кој денес во универзитетските кругови е наречен славен текст за забраните во театарот за време на владеењето на комунизмот во светот.

-Денешните реформи кои треба да се случат во македонското образование се болни реформи, но тие ќе бидат една голема еманципација на македонскиот национален, духовен и научен хоризонт, истакна Плевнеш.

Тој смета дека сите универзитетски професори треба да отворат пат за македонската научна анализа во светот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.