Македонија

Пликоата со фискални сметки за наградната игра оставете ги во кутиите на плоштад

Пликоата со фискални сметки за наградната игра оставете ги во кутиите на плоштад

Граѓаните од денеска  до крајот на годината пликоата со фискални сметки за учество во наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ ќе можат да ги остават во наменски кутии поставени на Плоштадот Македонија во Скопје, кои ќе бидат поставени во рамки на „ПРАЗНИЧНА СРЕЌНА БАЈКА“

„Со оглед на интересот за учество во наградната игра, веруваме дека со овој настан ќе излеземе во пресрет на граѓаните на Скопје и другите градови, кои на својата празнична прошетка низ украсениот центар на главниот град ќе можат да ги добијат сите информации за наградната игра и да ги остават своите коверти за учество во првото коло чие извлекување ќе се одржи на 30 декември, за кога се резервирани наградите: еден стан, еден дуќан, еден автомобил и триесет вредносни ваучери“, се вели во соопштението од Лотарија на Македонија.