Плоштадот Македонија меѓу петте најатрактивни во светот

Во репортажата на американсиот интеренет сајт – Travel puls, со наслов “Петте градски плоштади кои морате да ги видите, за да ги доживеетe”, страница на која може да се видат одлични истражувања за многу земји и предлози за патување во целиот свет, плоштадот Македонија според нивното рангирање се наоѓа на петтото место веднаш зад светски познатите плоштади во Рим, Ница, Прага и Џорџија, пренесе Алфа телевизија.

Тие одблиску ја доловиле атмосферата на туристите, кои се нивните првични реакции, најчести коментари и импресии.

Во нивниот опис стои – плоштадот Македонија е најголемиот плоштад и тоа ќе го почувствувате само што ќе стапнете на него. Тоа е така поради доминацијата на фонтаната Александар Македонски, чија величенственост фрла темна сенка над плоштадот како црн облак.

Но кога посетитетлите не се сликаат покрај неа, тие се возхитуваат на отворениот простор, одличен за истражување на легендарната историја на градот. Покрај ова, тие во својот коментар посочуваат дека малку шминка е потребно за плоштадот да стане дел од сите насловни страници со кои се претставува Македонија.

Шпанските скали на плоштадот Пиаца Ди Спања во Рим, ги опишуваат како убаво обликувани со антички структури, обложени со цвеќиња и калдрдма и секојдневен метеж.

За Дикејтур сквер во Џорџија, опишуваат дека секој агол е украсен со историски градби и статуи кои му даваат на стариот центар мистичен квалитет , а космополитската атмосфера е преплавена со арома на гостопримство.

Прошетката по стариот градски плоштад во Прага ја опишуваат како незаборавно патување во минатото, отсликано и преку своите антички градби на барок и готски декор. Звуците на плоштадот се составени од метежот и вревата на локалното население испреплетени со туристи кои со воодушевување се шетаат низ плоштадот.

Плоштадот Гарибалди пак го опишуваат како место каде нема никогаш да ви биде досадно иако е изграден во 18 век. Шарени тезги украсени со ситници, убави ресторани со гурманска кујна и сензационална атмосфера, пренесе телевизија Алфа

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.