Плукачка „Фејсбук“ хајка против пратеничката Љубица Буралиева

Изјавата на кандидатот за пратеник од редовите на опозициската СДСМ, Љубица Буралиева, дека отстапува од одлуката на партијата за бојкот на Собранието и нејзино враќање во парламентарните клупи, предизвика бура реакции на нејзиниот „Фејсбук“ профил.

Еден од најсилните медиумски поддржувачи на СДСМ, новинарот Борјан Јовановски, по оваа одлука на Буралиева, на својот профил напиша:

„Врската на СДСМ со кадровската политика #буралиева е исто смешно како врската на ВМРО со естетика #ск2014“.

Јовановски под своето мислење го објавил текстот од неговиот интернет портал „Нова ТВ“ под наслов: „Буралиева потврди на ФБ дека останува во Собранието“.

buralieva1

Под оваа објава следуваат коментари дека пратениците на опозицијата не ја почитуваат партиската одлука за бојкот и дека „порадо“ би седнале на пратеничко столче, отколку да ја оправдаат довербата од граѓаните и да ја испочитуваат партиската одлука.

Со оваа одлука тие само покажуваат дека паричните им се пред партиските интереси.

Ова е уште еден коментар упатен до сега пратеничката Буралиева:

Што ќе правите Вие, госпоѓо Буралиева во Собранието? Патем, кого ќе застапувате? Не заборавајте, не сте избрани на мнозинска листа. Инаку, ова што го кажувате држи колку решето вода“.

Друго лице, кој својот „Фејсбук“ профил го украсил со фотографии од лидерот на СДСМ Зоран Заев и со обележја на оваа партија, на ѕидот на Буралиева напишал:

„Ваков потег најмалку од тебе очекував, после се’ размисли дали вреди да се избламираш и да си го извалкаш образот пред народот“.

Под ова напишани се иронични коментари наменети за Буралиева, која е вработена како новинар во Македонската Радио-телевизија.

Буралиева за својата одлука на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша:

„Промена за нов почеток, став со кој влегов и опстојувам како социјалдемократ , како човек со личен интегритет и кој живее во систем на загубени вредности, на крајна недемократичност на сите нивоа, во општествен амбиент неподнослив за достоинствен човечки живот. Борбата е јасна и недвосмислена, но, демократскиот предзнак на политичката опција на која што и припагам и која ми даде доверба за да ја барам пак довербата на граѓаните , подразбира и слобода на размислување и лични ставови во однос на конкретни потези до единствената цел. Одлуката на највисоките органи на СДСМ за бојкот и неприфаќање на изборните резултати безрезерво,без трошка дилема ја поддржувам (став на 33-та пратеници на здружената опозиција), но вонинституционалниот облик, формата на бојкот за мене е неприфатлив (личен став што го изнесов и на почетокот кога за тоа имавме можност, по веќе донесената одлука на највисоките партиски тела).

Зборувам за личен став не за личен интерес, како што, не знам заради кои и чии интереси, некој сака да прикаже и да ја девалвира мојата личност, конечно и да го урне мојот личен интегритет.Дозволете, довербата треба да е двонасочна.

Конечно, како долгогодишен новинар , во изминативе 8 години доволно силно ја почувствував ,,слободата” на говорот, на мислата….дозволете ми да мислам, да зборувам,да критикувам,да одобрувам, искрено сакам да верувам дека довербата на граѓаните (по предлог на СДСМ) за тоа ја добив“.

Засега неофицијално, информациите се заедно со Љубица Буралиева, во пратеничките клупи ќе седне и Солза Грчева, која во меѓувреме го деактивираше својот профил на „Фејсбук“.

Сепак на крајот не е јасно како опозициската пратеничка ќе ги брани интересите на оние кои и ја дале поддршката, кога опозицијата не го признава легитимитетот на Собранието.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.