Мрежата во медиумите на СДСМ – Безброј портали исти сопственици

Не сите ја имаат приликата да почнат портал со готови пари, освен ако не се приврзаник на политиките на Сорос. Порталите Либертас и Плус Инфо почнаа како проекти финансирани од соросовиот Институт отворено општество на Владимир Милчин. Иако, никогаш јавно не ги соопштија сумите кои се во игра, информациите се дека донациите тежат неколку десетици илјади евра, а единствено што се знае јавно е дека  СОРОС Македонија има буџет од неверојатни 5 милиони евра ставени на располагање на опозицијата, пријавено во даночната пријава спрема УЈП за 2012 година.

Во порталот Плус Инфо главен уредник е Бранко Геровски, поранешен уредник на весникот Шпиц и еден од најблиските соработници на Велија Рамковски, а за многумина негов личен советник во светот на медиумите. Основањето на проектот Плус Инфо доаѓа по згаснувањето на весникот Шпиц.

b_gerovski

Интересно е што раководителот на порталот Либертас, Ацо Кабранов, е заеднички основач со Геровски  на Здружението на граѓани, кое во Марнет го регистрирало порталот Плус Инфо. Неговото име е Здружение на граѓани за одбрана на слободата на говорот и на јавното изразување член 16. Основачи на ова здружение е брачниот пар Геровски, Бранислав и Билјана, но и Ацо Кабранов, заедно со уште седум други лица. Освен тоа што делат исти сопственици, тие делат и заедничка адреса. Адресата регистрирана во Марнет на двата портали, Либертас и Плус Инфо, е иста – улица Франклин Рузвелт број 5.

1486816_468811979905728_825697323_n

Според основачкиот документ, позади Плус инфо стои здружение на граѓани, а не фирма како што по редот на нештата би требало да биде. Инаку, познато е дека според Законот за здруженија и непрофитни организации, здруженијата имаат даночни олеснувања односно не се ДДВ обврзници. Истовремено од завршните сметки се гледа дека Здружението член 16 на Кабранов и Геровски не е обично здружение, туку тоа за изминатата фискална 2012 година само по основ на донации има добиено повеќе од половина милион денари односно поточно 594.225 илјади денари и остварено приход  4, 144.472 денари, што е позавидна сума за едно обично здружение на граѓани. За многумина еден сопственик на портал би се одлучил за здружение, а не за фирма  само доколку сака да го изигра законот. Лесно е кога главниот извор за финансирање е Сорос, а рекламите се продаваат по смешни цени, за да износот не го помине годишниот законски лимит од 2 милиони денари добивка. Бранко Геровски во исто време е одговорен уредник на весникот Слободен печат. Во весникот заменик уредник е Жарко Јордановски, поранешен уредник на весникот дневен Фокус.

Ацо Кабранов, пак, сега е раководител на проектот Либертас и главен уредник на сајтот. Либертас е регистриран на фирмата Друштво за издаваштво, маркетинг и продукција Глинка ДОО Скопје, чии основачи се Ацо Кабранов и Зоран Василевски Фаци. Ацо Кабранов е кум на Љубомир Фрчковски и нормално во редакцијата е вработена и кумашинката Лени Фрчковска, ќерка на Љубомир Фрчковски.

Совршено е јасно дека двата сајта се наменски формирани и целта не е функционирање по пазарна логика туку земање и искористување на донации и буквално глумење на опозиционерство. Или, пак, што би се рекло двата сајта се најдоброто нешто што со донација може да се плати.