Очајникот Героски со уста полна навреди за неистомислениците

героски

Во последниот случај станува збор за професорот Владо Поповски, чиј „грев“ во очите на платеникот на Сорос Героски е што го толкува Уставот, во чие создавање учествувал, спротивно на најголемите желби на „независниот новинар“ Бранко Героски.

За Героски чија најголема желба е СДСМ да го добие мандатот за формирање Влада, тоа што професорот Поповски учествувал во создавањето на Уставот не значи ништо доколку толкувањето на професорот за Член 90 не е на линија на неговите желби и идеи.

Според Героски, стручноста, биографијата и библиографијата на професорот Поповски се неспорни, се додека го зборува она што Героски посакува да го слушне. Кога тоа нема да се случи, Героски како по обичај започнува со навреди кон Поповски и со мизогинија кон жените од политичката опција спротивна на онаа која тој ја поддржува.

Па во наше време беше почитуван министер, човече! Министер војни. Министер за правда. Човек од доверба на Глигоров. Па како може човек со таква биографија, со таква библиографија како твојата, со неспорна позиција на УКИМ, со заслужена професорска плата, да бие битка за позиција подолу од онаа на глупана плавуша со шишките?“ , пишува Героски.

Но „плавушите со шишките“ кои Героски ги нарекува глупави не се единствениот декор на мизеријата на уредникот на Плусинфо и Слободен Печат. Кочијашкиот вокабулар на Героски доживува кулминација правопропорционално со степенот на бес, фрустрација и нервоза кај мегафонот на СДСМ и Сорос.

Тебе ли да ти објаснувам дека мнозинство од 120 пратеници е 61 пратеник, а твојата сегашна партија ВМРО-ДПМНЕ нема такво мнозинство и јавно, со потпишано коминике, се откажа од барањето мандат? Што к*р уште треба да се објаснува, кажи!, пишува Героски.

Тактиката со говор на омраза и дрски навреди да се напаѓаат неистомислениците не е воопшто непозната и нова за Героски и останатиот клан на СДСМ/Сорос. Она што секогаш ќе треба да се објаснува, како што прашува самиот гневен Героски, е како со секој нареден текст овој човек успева да паѓа се подолу и подолу?