Порталот „Плусинфо“ со двојни стандарди

На порталот „Плусинфо“ и неговиот главен уредник Бранко Героски не им сметаше ова општинско списание како и многубројните интервјуа кои ги имаше градоначалникот на оваа општина во истото кога тој дејствуваше во СДСМ и беше претседател на градската организација од оваа партија на Скопје, објавува „Денешен“.

Тогаш на истиот протал можеа да се прочитаат текстови за општина Карпош како и за тековните проекти кои се реализираа. Неретко беа пренесувани и содржини со дневно политичка проблематика кои беа наменети за политичка промоција на СДСМ. Згора на тоа истиот портал и го рекламираше истото списание.

Плусинфо и нивниот уредник истото списание кое сега го обвинуваат дека е злоупотребено од страна на општината за политички цели, го третираа како како релевантен извор за информации преку кој се промовираше општината.Сега тоа им смета.Се прашувате зошто? Содржината на списанието е иста, само политичката опција на Стевчо е различна. И нормално двојните стандарди за уредникот кој тврдеше дека за новинарството се работи, излегоа на површина.

Токму ваквото однесување на порталот предизвика засмејување на јавноста и испоровицира коментари на социјалните мрежи со комична содржина и подбивање за двојните стандарди.