ФОТО: Плутон има сино небо и вода

Плутон има сино небо и вода. Леталото Нови хоризонти е полно со изненадувања. Новите фотографии испратени на Земјата откриваат дека атмосферата на Плутон е во сина боја и дека на планетата има вода.

Кој би очекувал сино небо во Којперовиот појас? Преубаво е, вели Алан Стерн предводник на мисисјата Нови хоризонти.

Честичките од маглата најверојато не се сини, но бојата во која што таа се прикажува на научниците им говори доста. Тие сметаат дека честичките во маглата се во главно црвени или сини.

Сината боја се јавува поради растурањето на сонцето на многу мали честички. На Земјата тоа се честички на мали молекули на азот. Тие на Плутон по се изгледа се поголеми, но и понатаму релативно мали, пепелести честички што се нарекуваат толини, појаснува тој.

Овие честички најпрво биле воочени во атмосферата на Месечината на Сатурн Титан и се верува дека настануваат поради силната атмосфера, а ги произведува ултравиолетовата светлина која ги распрашува атмосферските органски соединенија.

Плутон има сино небо и вода
Плутон има сино небо и вода

Покрај ова откритие, научниците откриле дека на Плутон има вода. На него може да се забележат многу мали региони покриени со мраз. Деловите покриени со мраз се поклопуваат со црвените дамки забележани на Плутон, но на научниците сеуште не им е јасно зошто е тоа така.

Изненадена сум од тоа што замрзнатата вода е толку црвена. Не знаеме која е поврзаноста помеѓу мразот и црвените толини на површината на Плутон, истакнува Силвија Протопапа, која е дел од тимот на Стерн.

Плутон има сино небо и вода
Плутон има сино небо и вода