понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 17

ПМ 10 честичките достигнаа до 800 микрограми

pm10

Последни вести

Kонцентрациите на ПМ10 честичките во скопските општини во текот на ноќта достигнаа до 835 микрограми на метар кубен.

Во Центар максималната концентрација е измерена во три часот од 537 микрограми, во Лисиче 835 во 22 часот, во Ректорат 623, во Гази Баба 490 микрограми и во Карпош 322 микрограми на метар кубен. Во Тетово се измерени 828 микрограми во 23 часот.

Утрово најзагадено е во скопската општина Центар. Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, утрово измерена е концентрација на ПМ10 честичките од 276 микрограми на метар кубен. Во Карпош 207 микрограми, Лисиче 182, кај Ректорат 146 и во Гази Баба 136 микрограми.

Во Тетово се измерени 218 микрограми. Во Битола 64 и 63 микрограми.

Најчитани вести