По 10 години Георгиев на концерт во Македонија

Владо Георгиев по цели 10 години, за денот на виното и љубовта, 14 февруари 2015 година, најавува голем солистички концерт во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во организација на „Прагма продукција“..

Тој пред своите македонски фанови ќе ги изведе големите хитови „Збогум љубави“, „Шта би пријатељи мои“, „Анџеле“, „До свитања“, „Хеј ти“, „Жена без имена“ и многу други.

Влезниците за концертот се пуштени во продажба во: Камарад – Рамстор, цвеќара Розе Веро 2, Југотон, Скопје сити мол и продажната мрежа на Купи карти за се. Локалните кафулиња и плоштади низ државата се места од каде што македонските фанови можат да купат влезница за концерт и од каде што е обезбеден организиран превоз.

Цената на влезниците до 1 февруари: Партер стоење – 600 денари, Фан пит – 800 денари, Блок 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 – 700 денари, Блок 2, 4, 12 и 14 – 900 денари, Блок 3 – 1.000 денари, Блок 13 – 1.500 и 1.000 денари.