По 12 години чекање, добија тројка

Катица и Живко Угриновски од Тетово се обидувале 12 години да добијат принова и конечно им се исполнила желбата со трите близнаци кои се родија пред две недели. Двојката водела битка со стерилитет, но сè се променило кога Катица Угриновска на свет ги донесе Лука, Лана и Леон.

Дечињата се родени во 34-та недела од бременоста (1,9 килограм, 1,7 килограм и 1,5 килограм). Катица останала бремена со 14-тото ин витро, , пишува Нова Македонија.

„Пресреќни сме. Нашата борба беше долга, имавме неуспеси. Но успеавме да издржиме. Имаме и слога и љубов. Сега имаме и три сонца“,- вели триесет и двегодишната Катица.