По 17 години пост, Црвена Звезда ја освои 13-та титула

Црвена звезда го победи Партизан и на третиот натпревар од финалната серија и на тој начин стигна до толку поскауваната титула во домашното првенство на која чекаше цели 17 години.

Името на тренерот Дејан Радоњиќ сигурно уште долго ќе го паметата навивачите на “црвено-белите”, бидејќи не само што успеа да ги обидени трите титули (домашното првенство, купот и АБА лигата) оваа сезона, туку ја прекина и 13-годишната доминација на Партизан во српската Прва лига.