По 15-часовна борба со пожари, во Сараево нема ПП апарати

Повеќе од 15 часа им биле потребни на пожарникарите во Сараево да ги локализираат пожарит во зградите на Претседателството на Босна и Херцеговина и Владата на Кантонот Сараево по вчерашните демонстрации во Сараево.

Со надчовечки напори и без адекватна опрема, 48 пожарникари успеале да го спасат она што можело да се спаси.

Сите апарати за гасењењ на сараевски пожаринари утрово се празни и доколку денеска избри поќар некаде во главниот град, прашање ќе биде како и  со што ќе се гаси. По целоноќната борба со пожарите, сите се и повеќе од заморни.

Во Сараево денеска е мирно. Во реонот на зградите вчера беа уништени реклами, киосци, трамвајски станици, телефонски говорници, стакло на сите страни, искршени семафори…