По 17 пат Виенски бал во Скопје

На 19 Март во хотелот Александар Палас, традиционално по 17. пат ќе се одржи Виенскиот бал во Скопје, во  организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“, а под покровителство на амбасадата на Република Австрија во Македонија.

Седумнаесет години Скопје е една од привилегираните метрополи во светот што имаат свој Виенски бал, што ја потврдува македонско-австриската соработка на полето  на културата и уметноста. Врвни  уметнички имиња од нашата земја и музиката на легендарната династија Штраус, прават оригинален спој на културите на двете држави. Гостите на балот ќе танцуваат виенски валцер, ќе уживаат во екстравагантноста на Штраус музиката и уметноста кaрактеристична за легендарниот музички дух на Виена.

Вечертаќе се пеат и евергрини и хит рефрени, а сите присутни ќе уживаат во настапите на оркестарот „Јохан Штраус“ – професионални музичари и инструменталисти под диригенство на маестро Саша Николовски – Ѓумар, танчерите на танцовиот клуб „Прима данца“, „Тумбао салса бенд“, Нина Јанева, Горан Папас  и „2Еxit“.

Ќе настапат и првенците на Балетот при МОБ – Мими Поп Алексова-Атанасовска и Бобан Ковачевски.

Водител на Виенскиот Бал во Скопје ќе биде Јована Стојменовиќ.