По 20 годишна пауза Бубо Каров и Игор Џамбазов повторно во радио етерот

Популарното скопско радио БУБАМАРА во наредните седум дена, се сели во новогодишно студио во ВЕРО 2, од каде со своите гости  ќе ги забавува слушателите на 105,2 ФМ.

Радио Дедо Мразовци, кои оваа година ќе ги достават музичките подароци и скриените желби до слушателите на радиото ќе бидат популарните Игор Џамбазов, Бубо Каров, Дејан Лилиќ, Оливер Митковски, Сашко Коцев, Нина Поп Христова, Атанас Атанасов, младите актери од театар комедија, Викторија Лоба, Дани, Бени  и други звезди кои се држат во тајност , а ќе влезат во новогодишната радио кочија.

Секоја година ова радио шоу носи голема слушаност од преку 200.000 слушатели.

Поради оправдани причини досегашниот водител Кирил Поп Христов ќе биде отсутен  до следната нова година.