По 3.000 евра отштета за секоја жртва од невремето

На денешната вонредна седница на град Скопје, која започна со едноминутен молк, во знак на почит на жртвите во вчерашното невреме кое го зафати Скопје и околината, беше решено на секое од семејствата за секоја жртва да им биде исплатено по 3.000 евра.

Се очекува Владата на седницата која ќе почне во 16 часот да прогласи ден на жалост, додека пак Скопје и Тетово ќе се прогласат за кризни подрачја.

– Паднаа 93 литри на метар квадратен за 20-тина минути, тоа беше практично водена бомба која падна врз градот Скопје. Најпогодени општини беа Гази Баба, Кисела Вода и Аеродром, а во другите општини немаше поголеми материјални штети. Дождот дојде од Скопска Црна Гора и најмногу ги погоди Сингелиќ, Стајковци и Смилковци. Има дваесетина човечки жртви – рече градоначаланикот на Скопје, Коце Трајановски на денешната седница.