По 55 години кариера Тереза Кесовија ѝ рече збогум на музиката

По 55 години кариера Тереза Кесовија ѝ рече збогум на музиката
По 55 години кариера Тереза Кесовија ѝ рече збогум на музиката
Богатата кариера на Тереза Кесовија полека влегува во финале. Во интервју за РТЛ таа открива дека ќе ја прекине музичката кариера поради здравствени проблеми. Кесовија е на сцената 55 години.

Хрватската музичка икона зачекори во осмата деценија од животот, а со годините ѝ се појавиле и здравствени проблеми. Таа има проблем со слухот.

Сепак, пред да го обеси микрофонот на клинец, ќе одработи турнеја во Хрватска, на која ќе го претстави албумот со кој ќе се раздели од публиката „Очи на душата“.

-Нема да се разделувам од никого. Тоа е тажно, а јас не сум тажен човек, вели таа во интервујото за РТЛ.