По 60 години пронајдени телата на жртви на авионска несреќа во Аљаска

Посмртните останки на 17 војници кои загинале во авионска несреќа во Аљаска се пронајдени по повеќ од 60 години.

Несреќата се случила во 1952 година, а се уште се трага по 35 тела на местото на несреќата.

Авионот се урнал по полетувањето од воената база Елмендорф во Аљаска на пат кон Вашингтон. Во авионот имало 41 војник и 11 членови на екипажот.

Се претпоставува дека авионот повеќе од 60 години бил заглавен во ледник и затоа останал невидлив. Леталото буквално потонало длабоко во дебелиот слој мраз, се наведува во извештајот.