понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 43

По 80 години стара градска ќе добие комплетно нов лик

Покрај реконструкцијата, Старата градска болница сериозно внимава и на кадровскиот потенцијал, истакна денеска министерот за здравство Никола Тодоров, кој изврши увид на градежните активности во реконструкцијата на внатрешноста на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св Наум Охридски“ Скопје.

тодоров

Поврзани вести

До сега 28 доктори од оваа здравствена установа се испратени на едукација во странство и тоа во сериозни и многу напредни здравствени центри во САД, Словенија, Германија Турција, Србија..21 доктор е на специјализација од кои двајца се во странство, во Љубљана и во Белград а се чека да тргне и уште еден. На овој начин сериозно се зајакнуваат двата основни столбови на здравствената заштита и тоа здравствената инфраструктура и кадровскиот потенцијал, истакна Тодоров.

Во делот на опремата направени се крупни инвестиции, додаде Тодоров.

Само во последната година има инвестиција од 50 милиони денари на опрема која што е веќе ставена во функција и на здравствените работници и на пациентите. Инвестирањето во овие три столба овозможува напредок на болницата. Напредокот на болницата се гледа и во воведените нови методи и процедури. Во оваа здравствена установа во последните 3 години се воведени 72 нови методи или процедури, рече Тодоров.

Тој заклучи дека ова е сериозно поместување на нивото на квалитет на здравствената установа.

Најчитани вести