По атентатот врз рускиот амбасадор, пукање и кај американската амбасада во Анкара

Неколку истрели одекнале вечерва кај американската амбасада во Анкара, откако во градот неколку часа претходно е убиен рускиот амбасадор, Андреј Карлов.

За сега не е познато кој пукал ниту дали е некој повреден, пренесува Раша тудеј.

Американски официјални лица информираат дека дошло до „безбедносен инцидент“ пред американската амбасада, која инаку се наоѓа во близина на галеријата во која вечерва е убиен рускиот амбасадор, пишува „Дејли мејл“.

Британскиот „Експрес“ објави вечерва дека американската амбасада во Анкара е затворена по убиството на рускиот амбасадор. Вашингтон ги предупреди своите граѓани да ги избегнуваат подрачјата каде вечерва се случи нападот.