По Барса и Севиља му зема мерка на Реал (М)

Уште еден непријатен пораз, но сега на гостувањето во Севиља, доживеа сега веќе третопласираниот тим во шпанската Примера дивизион, Реал (М).

Иако немаа право на нов киск, особено не после болниот пораз од Барселона, избраниците на Карло Анчелоти одиграа под очекуваното ниво во поголемиот дел од натпреварот и сега имаат обврска да ја бркаат негативата од три бода која ја имаат во споредба со новиот лидер на табелата, тимот на Атлетико (М) и таа од два бода која ја имаат во споредба со каталонскиот гигант Барселона.

За разлика од „кралскиот клуб”, градскиот ривал Атлетико (М) одигра доволно добро за да забележи минимален триумф од 1:0 во дуелот против гостинскиот тим на Гранада.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 63 минута беше дело на Диего Коста.

Големиот кикс на Реал (М) го искористија и фудбалерите на Барселона кои ја оправдаа фаворитската улога и сосема заслужено со 3:0 го торпедираа гостинскиот тим на Селта од Виго.

Тешка повреда во 20 минута од натпреварот заработи првиот голман на Барса, Виктор Валдез, а лекраските прегледи покажаа дека станува збор за кинење на вкрстените лигаменти во десното колено и за повреда која бара мирување во следните шест месеци.

Резултати: Барселона – Селта 3:0, Р. Ваљекано – Осасуна 1:0, Атлетико М. – Гранада 1:0, Севиља – Реал М. 2:1.