Балкан

По Бугарија и Србија ја прекинува изградбата на Јужен тек

По Бугарија и Србија ја прекинува изградбата на Јужен тек

По вчерашната изјава на бугарскиот премиер Пламен Орешарски за прекин на изградбата на Јужен тек и српската министерка за енергетика, Зорана Михајловиќ информира дека и Србија ја стопира изградбата.

„Бугарија е чворот и со самото тоа додека не се разјаснат работите меѓу Бугарија, Брисел, ЕУ и Русија ќе мора да ја осложниме изградбата на Јужен тек или барем додека Русија не ја смени трасата. Едното и другото сценарио значи одложување на изградбата која требаше да започне на крајот на овој месец“, вели Михајловиќ.