Политика

По Диво насеље, Заев со селфи и од Арачиново (ФОТО)

По Диво насеље, Заев со селфи и од Арачиново (ФОТО)

Зоран Заев на собраните им вети дека Албанците со него за прв пат ќе добиеле свој премиер. Според него, Арачиново досега само плаќало сметки, а не добивало ништо повратно од централната власт.

На митингот можеа да се забележат низа албански знамиња и на истиот свое обраќање на албански јазик имаше Мухамед Зекири, во кое на присутните им порача дека само СДСМ, а не Али Ахмети и ДУИ може да бидат гарант за исполнување на нивните барања.

zname

Сегашната власт според Заев апсела невини Албанци и Албанки. Тој вети дека ако го поддржат Албанците од Арачиново, ќе ја врател правдата и ќе ги ослободел невините.

Кампањата на СДСМ заврши исто како и што започна, фокусот на најголемата македонска опозициска партија беше ставен на интересите на Албанците. Со ветувањата за двојазичност на целата територија и кантонизација на Македонија, што според сите експерти ќе значи рекомпнирање на државата и можност за нејзина поделба, Заев атакува на албанските гласачи во пресрет на изборите закажани за во недела.

Ниту Зоран Заев, ниту пак било кој друг на вечерашниот митинг ги спомена протераните Македонци од Арачиново и голготата која тие ја поминаа.

На 8-ми јуни 2001 година од селото Арачиново насилно беа протерани околу 700 Македонци.

Во текот на конфликтот во 2001 година тие беа протерани од домовите, стравот и оружјето ги избркаа од огништата што ги создавале нивните татковци.

zaev-selfi-divo-naselje

Ова не му се први „селфија“ на Заев. За потсетување, тој насмеан се сликаше и во кумановско Диво насеље, ден по полициската акција против позната терористичка група која имаше за цел бомбашки напади врз цивилни цели за  дестабилизација на државата и отворање на „полесен пат“ кон она за што сега се залага Заев во замена за поддршка на радикалните Албанци на овие избори.