По договорот со Иран, паѓа цената на нафтата на светските берзи

Паѓа цената на нафтата на светските берзи. Цената на „црното злато“ почна да паѓа откако Иран и шесте светски сили го постигнаа историскиот договор, врз основа на кој ќе бидат укинати санкциите кон Техеран во замена за ограничување на нуклеарната програма.

Американската „лесна“ нафта за испораката во август на Њујоршката берза поевтини за 75 центи, на 51, 45 долари, додека нафтата од типот „брент“ за августовската испорака во Лондон поевтини за 60 центи на 57, 25 долари, пренесува Блиц, повикувајќи се на Франс прес.

Нова цена на горивата: Дизелот поевтин, бензините поскапи
Нова цена на горивата: Дизелот поевтин, бензините поскапи

Двајца ирански дипломати утрово за Ројтерс потврдија дека договорот помеѓу Иран и шесте светски сили е потпишан. Аналитичарите наведуваат дека враќањето на иранската нафта на пазарот ќе ги зголеми и онака глобалните залихи на нафта и дополнително ќе ги намали цените.

Доларот во тргувањето во Азија зајакна во однос на јенот откако Грци постигна договор со меѓународните кредитери за третиот пакет помош во замена за болните реформи. Силниот долар ја прави нафтата изразена во таа валута поскапа за купувачите што користат други валути, што ја намалува побарувачката на енергенсот.