По долго време скопјани ќе уживаат во балканска Stand up комедија

Балканска  Stand up комедија по долго време ќе се одржи во дискотеката Театро на 24. oвој месец.

Скопјани долго време немале прилика да уживаат во настапот на Stand up комичарите од регионот.

На 24. граѓаните ќе можат да бидат дел од големиот хепенинг кој ќе трае цели два и пол часа.

Дел од ова шоу ќе бидат:

„ Маријан Ѓоргиевски: Роден 1986 год Битола 22 мај( четврток ) 17 сатот, 3 и пол кила, 51 сантим долг. Специфика – поголема глава од колку тело. Неговата мајка ќе речи – заврши основно со ПЕТКИ. По проценка на татко му дека и покрај тоа што Марјан завршува со ПЕТКИ… го советува својот 14 годишен син дека е најдобро да се запиши во средното ТЕХНИЧКО училиште во Битола со зборовите – сине ти нема да се завршиш факултет, вака барем да си имаш занает. ( по долгите размислувања). Од средното техничко училиште добива само фобија од “СТРУЈА” и секогаш кога се тушира гледа дали бољерот е исклучен“.

„ Неша Бриџис: сo stand up комедија се бави по свое признание од кога е роден. Фацијалната парализа поради константното непрекинато смеење и неговите многу авантури со душа чека да ги сподели со публиката. Голем дел од неговите настапи се засноваат на вистински ликови и авантури и перфектна нивна имитација, во секој случај ќе ве натера да се изнасмеете… запрепастите и ќе мислите дека се ова што го прави е генијално или пак дека тоа е најголемата глупост што сте ја видиле“.

„ Александар Перишиќ: поминал над десет романтични врски исто толку разводи и една девојка му рекла, каков маж си ти ? Ти давав прст а ти цела рака сакаш? Од тој момент сфатил дека не треба да биде гинеколок 🙂 Вработен е во агенција за осигурување каде што осигурал се само не својата финансиска стабилност не 🙂 Stand Up професијата му овозможила да го прошири кругот на луѓе што не го поднесуваат. На неговите настани не е препорачливо присуство на малолетни лица, менаџери, срцево болни и луѓе што преживеале стресни ситуации, новинари, пилоти, рибари, политичари, осамени лица, аптекари итн листата не е конечна сеуште се прикачува“.