По доживеаниот инфаркт, Ентони Мејсон е во критична ситуација

Ентони Мејсон, поранешниот НБА кошаркар пред неколку денови доживеал инфаркт и се наоѓа во многу тешка состојба.

Тој веќе имал неколку оперативни зафати на срцето, а последната била најкритична и траела девет часа.

Мејсон играше 13 години во НБА лигата, а беше миленик на навивачите на Њујорк Никс. Играше кај Пет Рајли во ерата на Патрик Јуинг. Беше дел и од Олстар мечот во 2001 година, а уште ги носеше дресовите и на Њу Џерси, Денвер, Шарлот, Милвоки и Мајами.